Connect with us

Хроника

Четири кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи

Четири повозрасни кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами.

– Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2