Скопје
Поставени 40 нови корпи за отпадоци во Чаир, наскоро и 120 нови клупи
Во неколку зони во општина Чаир изминатите денови беа поставени 40 нови корпи за отпадоци, додека во наредниот период се очекува поставување и на 120 нови јавни клупи во паркови и јавни простори што ги користат граѓаните, соопшти Општината.
-Општина Чаир продолжува со засилени активности на терен за уредување и одржување на јавните површини во различни населби на општината. Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, одблизу ги следи и координира акциите што се реализираат во соработка со јавните претпријатија и оперативните екипи на терен. Во рамки на овие активности, во изминатите денови беа поставени 40 нови корпи за отпадоци во неколку зони на Чаир, додека во наредниот период се очекува поставување и на 120 нови јавни клупи во паркови и јавни простори што ги користат граѓаните – се вели во сооштението.
Паралелно, додаваат од Општината, се реализираат акции за отстранување на стари и нефункционални возила, одржување на зелените површини, засадување сезонски цвеќиња и подобрување на јавниот амбиент на целата територија на општината. За празникот Курбан Бајрам, се додава во соопштението, ќе бидат организирани и посебни пунктови за собирање на отпадот од курбанот на неколку локации во општината.
-Целта на овие активности останува создавање поуредена, пофункционална и почиста средина за сите граѓани – нагласуваат од Општината.
мај 24, 2026


