Хроника
Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра.
Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска е објавена пресудата против П.С. од Охрид за кривично дело измама. Во писменото соопштение Георгиев наведува дека продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во период на јануари 2026 година.
Судот одлучи и притворот за лицето П.С. од Охрид да биде продолжен се до правосилноста на пресудата.
мај 21, 2026
