Connect with us

Хроника

Дебранец лишен од слобода поради физички напад врз неговата партнерка

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи лишија од слобода дебранец поради физички напад врз неговата партнерка. 
 
-Вчера во 19:25 часот  полициските службеници  го лишија од слобода М.И. од Дебар, постапувајќи по претходна пријава на неговата 23-годишна вонбрачна партнерка од Дебар дека на 15.05.2026 физички ја нападнал во семејниот дом, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. 
 
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.  
 
Ова е втор случај на физички напад врз сопруга или партнерка, по оној кога Б.Г.(45) од Дебар, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани. 
 
Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1