Connect with us

Општини

Поставен нов асфалтен слој на патот Велес–Чашка, најавени нови инфраструктурни зафати

Изминатите денови интензивно се работеше на регионалниот пат Велес–Чашка, каде што Јавно претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат – Подружница Велес постави порамнителен асфалтен слој.

Информацијата попладнево ја соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој истакна дека со градежните зафати значително ќе се подобри патната комуникација помеѓу општините Велес и Чашка.

Тој најави дека во наредниот период ќе продолжат градежните активности и на патните правци во останатите населени места во Општина Велес.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2