Connect with us

Општини

Културен проект во Битола „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“

Културно информативниот центар (КИЦ) Битола денеска почна со реализација на проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, уникатна интердисциплинарна иницијатива која има за цел да го отвори креативниот процес пред очите на јавноста. 

Наместо во затворени кабинети, уметноста ќе се создава во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола, претворајќи го во „Живо атеље“, информираа од таа општинска установа.

Во период од три недели, 20 талентирани ученици ќе творат директно во галеријата, демистифицирајќи го патот од првата скица до завршеното дело. Акцентот е ставен на решавање на ликовните предизвици во реално време, поддржано од стручно менторство. Проектот поттикнува соработка и заедничко творештво, изнесувајќи ја едукацијата во јавната сфера. 

Оваа иницијатива претставува ретка можност за публиката да биде сведок на „раѓањето“ на уметноста, истовремено нудејќи им на младите автори професионална платформа за развој и изложбена дејност.

Учесниците во проектот, менториран од уметниците Ангела Каранфилова и Љубица М. Солак, ги посети градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој беше информиран за идејата и реализацијата на проектот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1