Connect with us

Општини

Кочани четврти пат дел од „Генералка викенд“

Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, четврти пат учествуваше во собирање отпад во рамките на најголемата национална акција „Генералка викенд“.

Со акцијата беа опфатени четири локации во Кочани: Градскиот стадион „Никола Мантов“ со Градскиот базен, дел од населбата Тикешински Лозја, АСНОМ и Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“. 

Учесниците во акцијата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ упатија јавен повик секој да се грижи за јавната чистота. Тие истакнаа дека се полни со надеж оти ова ќе бидат слики за спомен во иднината за едно минато време и дека во таа чиста иднина секој со својата совест ќе се грижи колку и каде фрла. 

Во „Генералка викенд“ се вклучија училиштата „Св. Кирил и Методиј“, „Никола Карев“ „Раде Кратовче“, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, граѓанските здруженија „Академија“ и „Креатори на иднината“.

Собраниот и селектиран отпад од оваа акција ќе биде измерен и депониран од КЈП „Водовод“ – Кочани.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3