Connect with us

Општини

Во Велес се одржа дискусија за социјалните услуги и едукација на лицата со попреченост насловена „Заедно сме посилни“

На иницијатива на Амбасадата на Кралството Шведска во Македонија денеска Европската куќа во Велес се одржа дискусија насловена „Заедно сме посилни“ за социјалните услуги и едукација на лицата со попреченост.

Шведскиот амбасадорот Ола Солстром на средбата ја искажа неговата посветеност кон ова прашање, а Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености сподели искуства за нивната долгогодишна и плодна работа на ова поле, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.

Воедно на дискусијата свои искуства споделиле и и стручните лица од ООУ „Васил Главинов”, каде што има најмногу инклузирани деца во образовен процес во Општина Велес.

-Само со заедничка и посветена работа може да придонесеме за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и да градиме свет со еднакви можности за сите – потенцира Колев.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1