Connect with us

Општини

Јанков: Струмица наскоро добива затворен базен

Струмица наскоро добива затворен базен – модерен спортски објект кој ќе донесе нова енергија во градот, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фексбук профил.

-Денес извршив увид во изградбата на затворениот базен во Струмица кој се наоѓа во спортско рекреативниот дел на градот. Со неговата изградба Струмица добива современ спортски објект на површина од 600 квадратни метри, кој ќе овозможи подобри услови за тренинг, рекреација и развој на пливачките спортови, како и нов квалитет во спортската инфраструктура на градот, напиша струмичкиот градоначалник.

Инаку, изградбата на затворениот базен во Струмица почна на 29 август 2023 и според најавите требаше да биде завршен до крајот на минатата година. До пред неколку месеци немаше никакви градежни активности. Работите сега се интензивираа и се очекува изградбата на овој значаен  спортски објект за Струмица конечно да заврши.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3