Connect with us

Општини

Општина Струмица ќе доделува еднократна парична помош за првачињата во следната учебна година

Семејствата кои имаат дете и кое за прв пат ќе го запишат во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година, по иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, ќе добијат еднократна парична помош од 2.000 денари, соопштија денеска од локалната самоуправа.

Како што се наведува во соопштението, право на оваа помош имаат семејствата со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица. За остварување на правото треба да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2026/2027 година заверена од основното училиште на територијата на Општината, копија од извод на родени на првачето, копија од лични карти од родителите/старателите на првачето,  копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите, изјава за давање согласност за користење на лични податоци и барање за еднократна парична помош за прваче.

Дополнителни информации може да се добијат на општинската веб страница.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1