Connect with us

Општини

Американската амбасадорка Никол Варнс во посета Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола. 

Од Општина Битола соопштија дека на средбата биле констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД, а Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа размениле мислења за актуелните состојби во земјава, ја запознаа со Битола градот на културата, традицијата, историјата, истакнувајќи ги можностите за продлабочување на соработката на сите полиња. 

Градоначалникот Коњановски на амбасадорката Вернс и подари пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двете земји и двата народи, спомен кој ќе ја потсетува на нејзината прва официјална посета на Општина Битола.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3