Општини
Општина Битола со поддршка на акцијата „Генералка викенд“
Општина Битола со поддршка и активно ќе учестува во националната акција „Генералка викенд“ која ќе се одржи на 8, 9 и 10 мај во овој град.
Од секторот за односи со јавност информираа дека главна цел на акцијата е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината.
Низ акцијата „Генералка викенд“ се овозможува поддршка на процесот на селекција и рециклирање, поврзувајќи ги граѓаните со локалните комунални претпријатија и приватните собирачи на отпад. Подигнување на јавната свест преку масовноста низ учество на училишта, администрација и волонтери, е со цел да се промени менталитетот и да се поттикне грижата за животната средина како секојдневна навика, нагласија од тамошната локална самоуправа.
Општина Битола годинава во „Генералка викенд“ ќе вклучи 15 училишта, основни, средни, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом и сите ќе бидат распределени на 12 локации за чистење.
Од Општина Битола информираа дека в недела за сообраќај ќе биде затворен булеварот „1 Мај“ поради интервенција на канализациската мрежа.
мај 6, 2026

