Политика
ВЛЕН: Блерим Беџети и европските вредности не одат рака под рака
ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности. Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност, се вели во соопштението од ВЛЕН, кое МИА го објавува интегрално.
Како пратеник, како градоначалник и пред сè како министер за правда, Блерим Беџети предизвика непоправливи штети врз интересите на Албанците и проевропскиот имиџ на државата.
Тој ќе остане запаметен по крајната политизација на судството, по пазарењата „еден обвинител не нè носи во рајот“, по навредите и омаловажувањата кон Албанците и по другите скандали низ годините.
Затоа сметаме дека ДУИ се потсмева со јавноста кога се преправа дека е загрижена за евроинтеграциите, додека го избира Блерим Беџети како лик на својата „европска“ агенда.
ВЛЕН нема намера да стане дел од оваа пародија. Европската интеграција бара сериозен и искрен пристап. Владата е фокусирана на Реформската агенда, која се спроведува со голем успех и признание од Брисел.
април 28, 2026

