Connect with us

Вести

Јане Ченто поднесе кривична против Русковска: Имаме изјава од сведок дека дал лажен исказ за „27 април“, случајот е монтиран

Кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Рускоска поднесоа осудените од случајот 27 април. Пријавата е за попречување на правдата и злоупотреба на службена положба. Јане Ченто еден од осудените тврди дека постојат нови докази кои сериозно ја доведуваат во прашање целата постапка. Обвинувањата се сериозни – се користеле незаконски докази, имало притисоци врз сведоци и се носеле пресуди врз основа на, како што тврди Ченто, монтирана постапка. Девет години по собраниските случувања на 27 април 2017 година, и седум години по пресудата во најобемниот судски процес, осудените најавуваат дека е време вистината да излезе на виделина.

Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во оваа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот како и насочување на сведочењето што го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ.” – изјави Јане Ченто, ден од осудените за 27 април.

После одбивањето од кривичниот и апелациониот суд еве сега има можност во овој контекст оваа кривична пријава против поранешната обвинителка да материјалните докази кој што беа одбиени од судот сега мора да влезат во правна процедура и очекуваме институциите си ја завршат работата.По наше гледање работата е 100 – 0 очекувам секој што се бори за правда многу лесно да го увиди тоа и ОЈО да соопшти детали” – вели Богдан Илиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше по одлуката за случајот „27 април“,според него тоа не било правда, туку чиста политика.Тој тврди дека целиот процес бил наместен од претходната власт, а дел од обвинетите неправедно биле прогласени за терористи.

Невини луѓе беа осудени за тероризам, тоа беше политички монтиран процес од минатата власт” – изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Мицкоски порача дека државата нема да може да напредува без расчистување на, како што ги нарече, двата клучни случаи – улогата и постапувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и околностите околу настаните од „27-ми април“.

Инаку, за овој немил настан во Собранието – 16 луѓе беа осудени кои според пресудата сите обвините вкупно добија 211 години затвор. На обвинителна клупа седеа 33-ца, но со законот за аменестија, 15-мина беа ослободени од обвинението.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2