Connect with us

Свет

Остатоци од руски дрон падна врз романскиот град Галац

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани од Галац откако делови од руски дрон синоќа паднаа врз романскиот град. Над 110 домови се под контрола на романските безбедносни сили. Околу 555 домаќинства се без снабдување со гас откако добавувачот го прекина снабдувањето од безбедносни причини.

Остатоците од дронот паднаа врз помошен објект и електричен столб, но нема повредени луѓе.

Екипите испратени на местото на настанот идентификуваа можна боева глава на дронот, поради што е наредена евакуација во радиус од 200 метри од местото на фрагментите, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни ситуации.

Романското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор во Букурешт и му враќи протестна нота бидејќи Русија „го прекршила суверенитетот на романскиот воздушен простор преку уште еден неодговорен чин што може да ја загрози јавната безбедност.

Според романското МНР инцидентот е „неодговорен и провокативен чин што ги крши основните принципи на меѓународното право“.

– Русија повеќе од четири години води нелегална војна против Украина. Ова не е само брутален империјалистички чин на освојување против суверен сосед, туку и кршење на регионалниот и глобалниот мир и безбедност – се наведува во соопштението на романското МНР. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3