Connect with us

Политика

Ахмети ја свика третата седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ

Актуелните политички случувања во земјата, со посебен акцент на предизвиците поврзани со почитувањето на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност, како и загрижувачките тенденции што ја нарушуваат меѓуетничката рамнотежа и демократското функционирање на институциите биле разгледани на третата седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ, што ја свика претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти партијата. 

На седницата биле разгледани прашања поврзани со внатрешната партиска организација, со фокус на консолидирање и зајакнување на структурите на терен, како одговор на новите политички динамики.

-Во таа насока, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за именувањето на нови претседатели на ограноците на Демократската унија за интеграција, и тоа Боговиње – Елез Рамадани, Јегуновце – Валон Нухиу и Шуто Оризари – Илаз Лесковица – се вели во соопштението.

ДУИ, се нагласува во соопштението, оценува дека во овој важен политички период се бара јасност, одговорност и решителност во заштитата на стратешките достигнувања и правата на граѓаните.

-Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на зајакнување на партиските структури, зачувување на политичката стабилност и гарантирање на унапредувањето на демократските и евроинтегративните процеси на земјата, се вели во соопштението.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4