Политика
Манасиевски: СДС на власт едно, во опозиција друго
СДСМ на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДСМ, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, пишува во објава на Фејсбук Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се контрираме. Ваквата политика која ја пишуваат Заев и Башановиќ, на СДСМ не му носи добро.
За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став и во опозиција и на власт. Техничката влада треба да замине во историјата.
Македонија е демократска држава и ги исполнува сите институционални капацитети за спроведување фер избори!
април 23, 2026

