Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ.

Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДС на Заев.

Јован Ратковиќ е еден од основачите на движењето „Отпор!“, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот.

По директни инструкции и насока на Заев и Башановиќ, тројката Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ се сретнале во Скопје за да координираат дејствија за формирање на опозициски фронт во Србија.

Додека СДС останува заробена партија од кланот Заеви а рејтингот секојдневно им тоне, СДС на чело со Филипче се става на услуга и располагање на друга држава.

Наместо катарза во партијата и промени СДС на чело со Филипче покажа дека нема капацитет и намера да се менува.  Без расчистување со минатото и старите структури и Заев СДС нема иднина туку останува на маргините на политичката сцена во државата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1