Connect with us

Вести

Интензивни тактички активности на вежбата „БЛЕСОК 26“ на полигонот Криволак

Во рамки на реализацијата на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26″, на армискиот полигон „Криволак” беа реализирани активности насочени кон извршување на тактички задачи во сложена и динамична безбедносна средина.

Активностите опфатија организација и функционирање на мобилни контролни точки, распоредување и дејствување од артилериски позиции, како и изведување на патролни задачи и посебни тактички дејствија.

Паралелно со тоа, единиците на терен функционираа и во услови на симулиран надзор и извидување од воздух, при што постапуваа согласно стандардните оперативни процедури, применувајќи соодветни мерки за зачувување на оперативната безбедност.

Со ваквиот тип на сценарија се овозможува реална проверка на способноста за навремено препознавање на различни предизвици, соодветна реакција и ефикасно извршување на задачите во различни тактички услови.

Активностите придонесуваат кон унапредување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група и потврдување на способноста за дејствување во согласност со мисијата на единицата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4