Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: По насока на Заев и Башановиќ, СДС и Филипче кројат опозициски фронт со бивши функционери од српската опозиција

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт.

Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија СПС.

Димитријевиќ на средбата разговарал за здружување на опозициските сили од Србија со СДС. Димитријевиќ по насока на Заев и Башановиќ кроел шеми за координација и поврзување меѓу СДС и дел од српската опозиција за заедничко делување.

Бранко Ружиќ е политичар кој бил суспендиран минатата година од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија поради неговите различни ставови за работата на истата Влада во која тој бил министер за образование.

Димитријевиќ, Филипче и СДС одработуваат за туѓи цели и одработуваат за опозиција во друга држава.

Филипче и СДС наместо коректив на власта и конструктивна опозиција во Македонија, продолжуваат да одработуваат за туѓи интереси и странски центри.

На СДС и Филипче не им се важни граѓаните во сопствената земја, туку лојалноста и интересите на врховниот претседател на СДС, Зоран Заев.

На СДС граѓаните не им веруваат, а рејтингот константно им тоне токму поради безидејноста и немањето визија за Македонија.

На СДС и Филипче фокусот не им е Македонија туку туѓи интереси и лични цели на Заев и Филипче.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2