Connect with us

Регион

Министрите Хоџа и Ѓуриќ во Анталија разговарале за унапредување на билатералните односи и отворање албански конзулат во Бујановац

На маргините на  дипломатскиот форум во Анталија, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, се сретнал со министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Во објава на социјалните мрежи Хоџа напиша дека на средбата  се фокусирале на зајакнување на билатералните односи преку дијалог и соработка, при што тој ја истакнал важноста на регионалната соработка, вклучително и дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Нашата дискусија се фокусираше на унапредување на билатералните односи преку конструктивен дијалог и соработка, за понатамошно консолидирање на економските и трговските врски, препознавајќи ја нивната важност во промовирањето на одржливиот развој и регионалната стабилност. Во овој поглед, ја ценам подготвеноста на Србија позитивно да одговори на нашето барање за отворање генерален конзулат во Бујановац”, наведува Хоџа.

Додава дека ја нагласил потребата од зачувување, развивање и зајакнување на регионалната соработка како најсигурен пат кон заедничка иднина, избегнувајќи неоправдана и непотребна реторика.

Албанија, посочил, одлучи да инвестира во јасноста на своите позиции и конзистентноста на својата надворешна политика, како и во контактите меѓу луѓето и во образованието на младата генерација со силен европски менталитет.

„Исто така, ги нагласивме нашите фундаментално различни ставови за Република Косово. Ја повторив јасната и конзистентна позиција на Албанија за суштинската важност и нашата целосна поддршка за дијалогот меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, како единствен одржлив пат кон целосна нормализација на односите и евентуално меѓусебно признавање, исход што би придонел за траен мир и стабилност во регионот“, пишува министерот Хоџа. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3