Connect with us

Политика

Трипуновски: Рејтингот на СДС паѓа толку ниско што го пробива секое дно

Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, што МИА го пренесува интегрално.

Нејсе, да му одговорам. Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!

Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС.

Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер!

Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2