Вести
Муцунски и Тошковски со македонската дијаспора во САД за Велигден
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информира дека заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го одбележале најголемиот христијански празник Велигден со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

Тоа, како што напиша Муцунски во објава на Фејсбук, е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет.

– Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото. Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги посетивме црквите „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси. Присуството меѓу нашите иселеници на овој голем празник е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет. Христос воскресе! Честит Велигден!, напиша Муцунски во објава на Фејсбук.
април 13, 2026

