Connect with us

Свет

Нетанјаху им предлагал напад врз Иран на неколку претходни американски претседатели, сите одбиле, изјави поранешниот државен секретар Џон Кери

Поранешниот американски државен секретар Џон Кери изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано им предлагал воена акција против Иран на претходните американски претседатели, но бил одбиен, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“.

Во интервју за „МС Нау“, Џон Кери рече дека Нетанјаху им презентирал планови за напад на Џорџ В. Буш, Барак Обама и Џо Бајден, кои не ги одобриле. Тој тврди дека само сегашниот претседател Доналд Трамп дал одобрение.

„Премиерот Нетанјаху во основа истакна четири точки: дека тие можат да го убијат раководството, да доведат до промена на режимот, да ја уништат војската итн. …Па, тие јасно нанесоа големи загуби на војската, веројатно го потопија поголемиот дел од флотата, нашите момци се добри во тоа…“, рече поранешниот државен секретар, додавајќи: „Но, факт е дека немаше непосредна закана“.

Тој, исто така, ја критикуваше одлуката на Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, договорен под Обама, нагласувајќи дека тоа ја поткопало довербата на Техеран во Вашингтон.

„Иран сега чувствува дека не може да им верува на САД“, нагласи Кери, додавајќи дека верува оти постои можност за дипломатски дијалог. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2