Свет
Иран гарантира стабилност на сите фронтови додека траат преговорите во Пакистан
Иран одржува постојана врска со Либан за да се осигура дека обврските за прекин на огнот се почитуваат на сите фронтови, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
Изјавата беше дадена за државната телевизија директно од Исламабад, каде во моментов се одвиваат преговори меѓу високи американски и ирански претставници за прекинување на шестнеделната војна.
Истовремено, либански претставници блиски до „Хезболах“ за западни медиуми потврдија дека групата целосно го поддржува дијалогот во Пакистан. Според нив, овој формат е правилен пристап, за разлика од преговорите што беа планирани за следната недела во Вашингтон
април 12, 2026

