Connect with us

Свет

Унгарската опозиција мобилизира набљудувачи, од власта предупредуваат за можни инциденти по изборите

Унгарски невладини организации кои ја поддржуваат опозицијата најавуваат дека на денот на изборите во неделата ќе распоредат илјадници активисти на гласачките места, па дури и ќе го следат движењето на гласачките кутии по гласањето.

Според про-опозицискиот портал 444, бројот на овие набљудувачи може да надмине и 10.000 луѓе, што поттикна критики во про-владините медиуми дека опозицијата се мобилизира за инциденти на денот на изборите. Порталот 444 јавува дека дел од активистите се подготвуваат да кружат околу гласачките места со моторцикли и да го следат текот на гласањето и движењето на возилата со гласачкиот материјал.

Ова предизвика најави во про-владините медиуми дека опозицијата се подготвува за немири. Весникот Маѓар Немет пренесе снимка наводно направена во соседна Украина, на која се гледа како украински униформирани лица се подготвуваат да се инфилтрираат во Унгарија на денот на изборите и да предизвикаат немири доколку резултатот не излезе во полза на опозициската партија Тиса.

Потеклото на снимката, на која униформираните лица зборуваат за нов Мајдан на плоштадот Кошут во Будимпешта и за тактики за пресметка со унгарските полицајци не може со сигурност да се потврди, но таа е нашироко споделувана во унгарските медиуми блиски до власта.

Односите меѓу Унгарија и Украина се на крајно ниско ниво, откако Орбан го блокираше големиот пакет финансиска помош од ЕУ, а Зеленски го запре снабдувањето на Унгарија и Словачка со нафта од Русија.

Во меѓувреме, про-опозициската невладина организација Де! информираше дека само тие имаат веќе 2.000 активисти кои се пријавиле на нивната интернет страница да бидат „чувари“ на изборите.

Групата обвинува за можно купување на гласови, особено во посиромашните источни и северо-источни делови на Унгарија. Организацијата продуцираше и снимка во која тврди дека се врши поткуп во претежно ромските населби.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1