Connect with us

Вести

Муцунски на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон ја нагласил потребата од кредибилен и предвидлив процес на проширување на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и активната улога на државата како доверлив безбедносен партнер во рамки на НАТО и регионот.

Тој се осврна и на напорите за унапредување на економската соработка, вклучително и тековните иницијативи за продлабочување на билатералните трговски односи со САД.

Во контекст на европската интеграција, Муцунски ја реафирмираше стратешката определба на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, при што укажа на предизвиците поврзани со билатералните прашања и ја нагласи потребата од кредибилен и предвидлив процес на проширување.

Дополнително, беа потенцирани приоритетите за зајакнување на регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан, како и значењето на трансатлантското партнерство во справувањето со современите безбедносни и геополитички предизвици.

Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Balkans Forward“ на Атлантскиот совет, со учество на претставници од политичкиот, академскиот и аналитичкиот сектор.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4