Connect with us

Скопје

Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа 14. Авицена трка

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена женска трка, денес го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички.

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.

– Припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сè поголем број натпреварувачки. Оваа година имавме и нова категорија на возраст над 80 години и сите аплаузи отидоа кон овие дами. Со ова докажуваме дека во спортувањето, границите успеавме да ги поместиме, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на три километри долгата трка беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната Лотос.

Победничка на годишното издание на Авицена женска трка е Душица Јанковиќ, која патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска, со истрчано време од 11 минути и 58 секунди, додека пиедесталот го заокружи Емили Ивановска, со време од 12 минути и 6 секунди.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 10 возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на трката.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1