Туризам
Верона ќе наплаќа 5 – 12 евра за пристап до балконот на Јулија
Градот Верона воведе влезница од пет евра за пристап до дворецот на куќата на Јулија, објави „ТГком-24“ (TGcom24). Имено, за 12 евра, посетителите ќе можат да ја истражуваат куќата во овој северноиталијански град којашто денес е музеј.
Оној кој ќе ја плати оваа сума добива поглед кон бистата на Јулија што се наоѓа таму можност и да се качи на балконот на куќата, од каде што хероината на Вилијам Шекспир разговарала со својот сакан Ромео.
Влезницата за местото е воведена поради големиот интерес за оваа знаменитост.


