Connect with us

Скопје

Општина Аеродром го додели првото одобрение за градење со 0 денари за комуналии за млади до 35 години

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом.

Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница.

Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.

Честитки до Гоце и до сите млади луѓе кои одлучуваат да градат и да живеат во Општина Аеродром.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1