Connect with us

Вести

Претреси за детска порнографија во повеќе градови, меѓу осомничените има и луѓе познати во јавноста

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи утрово спроведува обемна акција во неколку градови во Македонија, насочена кон сузбивање на сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на деца преку интернет.

Акцијата се реализира во соработка со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, при што се вршат претреси на вкупно седум различни локации низ државата. Целта е обезбедување на докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и санкционирано со член 193-а од Кривичниот законик.

Во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди, дигитални носачи и други електронски податоци, кои ќе бидат предмет на детална анализа и ќе служат како клучни докази во понатамошната постапка.

Надлежните институции најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додека јавноста ќе биде дополнително информирана за развојот на настаните.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3