Connect with us

Вести

Во МНРиНТ се одржаа политички консултации со Казахстан

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговина денеска се одржала третата рунда на политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Република Казахстан, предводени од заменик-министрите Зоран Димитровски и Арман Исетов.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорите бил направен сеопфатен осврт на билатералните односи, при што соговорниците ја истакнале потребата од заокружување на билатералната правна рамка во области од заемен интерес како важна основа за подинамичен развој на соработката, особено во економијата и надворешнотрговската размена. Во таа насока, заеднички било констатирано дека постои значителен потенцијал за продлабочување на соработката во енергетиката, транспортот и туризмот.

– Соговорниците се осврнаа и на поширокиот меѓународен контекст, при што заменик-министерот Димитровски ги истакна европската перспектива на Северна Македонија и силната посветеност на реформскиот процес во насока на членство во Европската Унија, а заменик-министерот Исетов ги презентира развојните приоритети на Казахстан, вклучително и нивната улога во рамките на Евроазиската економска унија – стои во соопштението.

Исто така, било оценето дека интензивирањето на контактите во изминатиот период, вклучително и реализираните посети на високо ниво, придонело за подигнување на политичкиот дијалог на повисоко ниво, што се потврдило и со потпишувањето на програмата за соработка меѓу двете земји. Во тој контекст, било истакнато и значењето на минатогодишното одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи како можност за дополнително зацврстување на партнерството и пријателството.

Дополнително, било нагласено дека Казахстан, како една од 50-те најголеми економии во светот и значаен енергетски производител во Евроазија, претставува важен партнер со кој постои реален потенцијал за унапредување на соработката, особено во енергетскиот сектор, вклучително и во обновливите извори на енергија и енергетската диверзификација, но и во земјоделството, индустријата, иновациите и туризмот.

Во оваа насока, било поздравено и одржувањето на претстојниот бизнис-форум во Скопје на 20 април, кој се очекува да даде нов поттик на економската соработка, а на кој ќе учествува и министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, кој ќе ја предводи бизнис-делегацијата.

Од Министерството додаваат дека двајцата соговорници се согласиле дека редовното одржување политички консултации ќе остане значаен механизам за понатамошно продлабочување и унапредување на севкупните билатерални односи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4