Connect with us

Вести

Хоџа: Потпишувањето на првиот колективен договор е доказ за вреднувањето на трудот на работниците и унапредување на работничките права

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа прв колективен договор од ваков вид, со кој, како што велат, се прави значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените. 

-Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 година. Ова е јасен сигнал дека трудот и посветеноста на равотниците се препознаваат и вреднуваат, појаснуваат од МЖСПП.

Истовремено, се обезбедува и унапредување на условите за сите вработени, преку усогласување на платите за останатите категории согласно законските прописи, но и преку воведување на низа конкретни придобивки: надоместоци за ноќна и сменска работа, регулирање на исплатата на патните трошоци, работа за празници и прекувремена работа, јубилејни награди, како и засилени механизми за заштита од вознемирување и унапредување на безбедноста при работа.

Министерот Муамет Хоџа, по потпишување на договорот со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателката на синдикалната организација Мартина Спасовска Тоцева, истакнал дека овој договор претставува резултат на заедничка посветеност, дијалог и меѓусебна почит.

Договорот, според МЖСПП, носи поголема јасност и сигурност во однос на правата за платено и неплатено отсуство, што придонесува за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2