Connect with us

Вести

Николоски објави како ќе изгледа реконструкцијата и проширувањето на охридскиот аеродром

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео како ќе изгледа Охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување.

– Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден Охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација. Продолжуваме да ја градиме Македонија, напиша Николоски.

Реконструкцијата за овој аеродром почна денеска, а проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и Царинската управа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4