Фудбал
Хоџсон по 44 години повторно на клупата на Бристол сити
Поранешниот англиски фудбалски селектор, 78-годишниот Рој Хоџсон седна на клупата на второлигашкиот Бристол Сити, враќајќи се во клубот во кој пред 44 години ја почна својата тренерска кариера во Англија.
Хоџсон, кој ја предводеше Англија од 2012 до 2016 година, својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Кристал Палас, кој го напушти во февруари 2024 година.
По серијата од седум натпревари без победа, Бристол Сити е на 16 место во англискиот Чемпионшип, но има 12 бодови повеќе од клубовите во зоната за испаѓање на седум кола до крајот на сезоната.
„Ангажманот на Рој претставува повеќе отколку што ќе покажат резултатите во следните седум натпревари. До крајот на сезоната, тој ќе ни помогне да ги поставиме стандардите и вредностите потребни за да бидеме успешни“, објави претседателот на клубот Чарли Бос.


