Фудбал
Хаверц: Поминав низ тежок период, сега се чувствувам целосно подготвен
Фудбалерот на Арсенал и германски репрезентативец, Каи Хаверц, смета дека густиот распоред на Арсенал на три турнири ќе биде идеална платформа за негово враќање во националниот тим и на Светското првенство подоцна оваа година.
– Поминав низ тежок период. Не беше лесно. Мојата прва повреда се случи минатиот февруари, бев надвор од игра три и пол месеци, потоа се вратив, а потоа имав пад поради повредата на коленото. Сега се чувствувам целосно подготвен. Ми требаат неколку настапи за да бидам 100 проценти подготвен, но се чувствувам подготвен да ги играм сите 90 минути.
Имаме многу натпревари за играње на три турнири. Ги пропуштив првите шест месеци од сезоната и ќе дадам сè од себе за клубот за да можам да одам на Светското првенство со голема самодоверба. Сакам да успеам на ова Светско првенство и да го предводам тимот, изјави 26-годишниот Германец на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар на Германија против Швајцарија.
Во сезоната 2025/26, Хаверц постигна три гола и имаше две асистенции во 14 натпревари.
За германската репрезентација фудбалерот има вкупно 20 гола и 17 асистенции во 55 натпревари.
март 27, 2026

