Фудбал
Гардијан: Евертон може да ја тужи Премиер лигата по казната на Челзи
Евертон размислува за правна постапка поради санкциите на Премиер лигата против Челзи за финансиски малверзации, објавува Гардијан.
Според британскиот медиум, претставниците на Евертон се подготвуваат да побараат објаснување на суд зошто Челзи избегна сериозни спортски казни, ако што тоа беше случај со нивниот клуб.
Челзи беше казнет со 10,75 милиони фунти и доби условна забрана за трансфери откако доброволно откри претходно непријавени плаќања кон играчи и агенти во вкупен износ од 47,5 милиони фунти помеѓу 2011 и 2018 година.
Евертон бара правен совет и сите опции моментално се разгледуваат. Челзи се согласи на спогодба со Премиер лигата, но ова предизвика широка загриженост кај ривалските тимови.
Во минатото, на Евертон му беа одземени осум бода за сезоната 2023/24 поради кршење на Правилата за профитабилност и одржливост (PSR) на Премиер лигата. Панелот што го разгледуваше тој случај експлицитно ја наведе спортската предност стекната преку пречекорување на трошоците.
Во пресудата за Челзи не се појави таква формулација, и покрај тоа што тимот од западен Лондон постигна значителен успех во годините за кои станува збор.
Токму оваа наводна недоследност е причината зошто Евертон сака да поднесе жалба на одлуката.
март 27, 2026

