Connect with us

Вести

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно предлог – одлуката што беше изгласана на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека за избор за заменик директор на Агенцијата, Собранието ќе објави нов оглас.

Тој извести дека го поништува огласот за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и оти согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси ќе се објави нов оглас за избор на член на ДКСК.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата го повлече и извештајот за спроведена постапка по огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието. 

Почетокот на седницата беше пролонгиран еден час, откако беше побарана пауза поради недостапност на предлог одлуката за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на албански јазик.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3