Фудбал
Осимен успешно опериран
Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, денес е успешно опериран, објави прес-службата на турскиот клуб на социјалните мрежи.
Нигериецот се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул (0:4) при еден дуел со дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Тој се здоби со скршеница на десната рака.
Претходно беше објавено дека по натпреварот, Конате почнал да добива расистички навреди на социјалните мрежи од навивачите на турскиот клуб.
На истиот натпревар се повреди и крилниот напаѓач на Галатасарај, Ноа Ланг. Тој беше успешно опериран откако на бизарен начин го повреди палецот на раката при пад и допир на рекламен билборд.
март 24, 2026

