Connect with us

Скопје

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на мостот кон економската зона

Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реконструкција на мостот што води кон локалната економска зона во населбата Илинден. Проектот опфаќа целосно проширување на постојниот мост и негова замена со нов со поголема носивост и безбедност, соопштуваат од општината.

-Реконструкцијата на мостот ќе придонесе за поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет транспорт на стоки и подобри услови за работа на стопанските субјекти. Со проектот се планира проширување и изградба на нов мост со широчина на коловоз од 7,5 метри и тротоар од 1,5 од едната страна, со што вкупната широчина на мостот ќе изнесува 9 метри и значително ќе ги подобри сообраќајните услови во зоната, каде постоечката широчина на мостот изнесува 4,5 метри, стои во соопштението.

Оттаму дополнуваат дека овој зафат е дел од пошироките активности на Општина Илинден во областа на локалниот економски развој, насочени кон модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3