Connect with us

Фудбал

Нов пораз на Тотенхем во Премиер лигата

Лондонски Тотенхем, предводен од хрватскиот тренер Игор Тудор, претрпе уште еден пораз во Премиер лига со што неговиот опстанок во елитното друштво е сè повеќе под знак прашалник. Во дуелот меѓу директните конкуренти за опстанок, Нотингем Форест денеска го совлада Тотенхем во Лондон со 3-0.

Головите за Нотингем Форест ги постигна Игор Жезус (45), Гибс – Вајт (62) и Таиво Авонији (87).

Тотенхем, кој нема премиерлигашка победа од 28 декември минатата година, сè уште е над зоната за испаѓање, но има само бод предност пред градскиот ривал Вест Хем. Кој попладнево, исто така, загуби на гостувањето во Бирмингем од Астон Вила со 2-0

Маркетинг
Ad 1
Ad 3