Политика
ВРЕДИ: Процесот на обединување започна и не запира
Процесот на обединување на ВРЕДИ сега влезе во фаза на смели и неповратни одлуки. Она што се сметаше за политичка неопходност сега добива конкретна форма како резултат на консолидираната волја за изградба на единствен, заеднички и репрезентативен субјект, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
Одлуката на Алтернатива да се придружи на новиот политички субјект ВРЕДИ, само го потврдува она што веќе им е јасно на сите што го следеа овој развој одблизу. Процесот на обединување започна и не запира. Дури и другите составни субјекти на ВРЕДИ, како што се Движењето БЕСА, Демократското движење и АА, кои го направија овој чекор претходно и ги суспендираа своите тела, покажуваат политичка зрелост и висока свест за неопходноста од оваа консолидација.
Секој чекор што се презема во оваа насока докажува дека ВРЕДИ се движи самоуверено кон консолидација во единствена партија, како јасен одговор на барањето на Албанците за единство, сила и достојна застапеност. Токму поради оваа причина, овој процес го следат со надеж Албанците и со загриженост оние кои со години ја третираат застапеноста како нивна приватна сопственост.
Обединувањето на ВРЕДИ произлегува од долгогодишната потреба на Албанците за обединета, достоинствена и одговорна застапеност. Денес станува сè појасно дека иднината им припаѓа на оние кои имаат визија и храброст да ја изградат, а не на оние кои остануваат врзани за старата логика.
март 19, 2026

