Connect with us

Свет

МААЕ: Проектил ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Агенцијата, тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку објава на платформата „Икс“ соопшти во информацијата за нападот добиена од иранските власти дека немало пријава за штети врз самиот објект, ниту повредени меѓу персоналот.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, повторно повика на „максимална воздржаност за време на конфликтот со цел да се спречи ризик од нуклеарна несреќа“, се наведува во објавата.

„Бушер“ е единствената нуклеарна централа во Иран, изградена по руски дизајн, сместена речиси 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Персискиот Залив. Оперативна е од 2011 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4