Connect with us

Свет

Новиот врховен лидер на Иран ги отфрла разговорите со САД

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги отфрли предлозите за намалување на тензиите или постигнување прекин на огнот со САД – изјави висок ирански функционер.

Висок ирански функционер на првата сесија за надворешна политика денеска изјави дека ставот на Хамнеи за одмазда против САД и Израел е „многу цврст и сериозен“ иако не беше јасно дали лидерот лично присуствувал на сесијата.

Официјалниот претставник рече дека Хамнеи верува оти „не е време за мир сè додека САД и Израел не се поколебаат, не го прифатат поразот и не платат отштета“.

Три извори претходно изјавија дека администрацијата на Трамп ги отфрлила напорите на сојузниците од Блискиот Исток да почнат дипломатски разговори за прекин на војната во Иран.

Конфликтот меѓу САД и Израел со Иран е во третата недела и досега однесе најмалку 2.000 животи, а Ормуската Теснина останува во голема мера затворена.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4