Connect with us

Свет

Две лица застрелани во бистро во близина на аеродромот во Франкфурт

Две лица се застрелани во бистро во Раунхајм во близина на аеродромот во Франкфурт – соопшти денеска германската полиција.

Според првичните полициски наоди, вооружено лице влегло во бистрото околу 3.45 часот наутро по локално време и ги застрелало двете лица, кои веднаш починале.

Полицијата соопшти дека напаѓачот избегал од местото на настанот и оти во тек е потрага. Областа околу бистрото е широко оградена. Голем контингент на полицијата го бара сторителот, пренесе ДПА.

Мотивите за нападот сè уште се нејасни, изјави портпарол на полицијата

Маркетинг
Ad 4
Ad 1