Connect with us

Општини

КПС „Осоговски орел“ в сабота организира акција за пошумување и пешачење посветена на настраданите во трагедијата во „Пулс“

Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ – Кочани, в сабота, 14 март 2026 година, со почеток во 13 часот, за сите љубители на природата организира акција за пошумување и рекреативна прошетка. Настанот е посветен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, меѓу кои се и членовите на „Осоговски орел“, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев.

Пошумувањето ќе се реализира во месноста Пресечена Скала, над Фабриката за вода во Кочани, каде што ќе бидат засадени 300 багреми.

По завршувањето на пошумувањето, планирано е пешачење од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Планираната патека е долга 8 километри. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3