Вести
Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје
Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
– На Меѓународниот аеродром – Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, седум државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, двајца државјани на Босна и Херцеговина, двајца државјани на Албанија, еден државјанин на Германија, еден државјанин на Ерменија и еден државјанин на Црна Гора, се наведува во соопштението.
Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.
– Во текот на утрешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија, најавија од Министерството.
март 11, 2026

