Connect with us

Свет

Ванг Ји: Кина повикува на итен прекин на огнот на Блискиот Исток

Кина повикува на итно запирање на воените дејствија на Блискиот Исток за да се спречи понатамошна ескалација и проширување на конфликтот, изјави денеска на прес-конференција кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Говорејќи во кулоарите на годишната сесија на Секинеското собрание на народни претставници (парламентот), тој истакна дека проблемите не се решаваат со сила и дека оружјето само раѓа нова омраза.

Од друга страна, кинескиот министер забележа дека односите меѓу Кина и Русија остануваат „цврсти како карпа“ и покрај сите меѓународни притисоци. Според неговите зборови, Пекинг отсекогаш бил столб на регионалната безбедност и застапник на заедничките вредности на азиските држави.

По повод претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина кон крајот на овој месец, Ванг Ји порача дека е од стратешка важност за САД да соработуваат и да се движат во иста насока со Кина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3