Свет
Израелските сили извршија „насочен напад“ врз ирански команданти во Бејрут
Израелската армија официјално соопшти дека извршила „насочен напад“ врз високи команданти на либанскиот огранок на елитните сили „Кудс“, кои се дел од иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда во главниот град на Либан, Бејрут, јави ДПА.
Израелските одбранбени сили го објавија соопштението по информациите за напад врз хотелот „Рамада“ во центарот на Бејрут, во кој според првичните извештаи загинале најмалку четири лица. Според војската, командантите имале задача да организираат напади против Израел и неговите граѓани.
„Иранскиот терористички режим систематски дејствува меѓу цивилното население на Иран и Либан, цинично користејќи ги цивилите како човечки штит за спроведување на своите напади“, се наведува во официјалното соопштение на ЦАХАЛ објавено на Телеграм.
Иако армијата не ја прецизираше точната локација на нападот, извештаите од терен укажуваат на подрачјето околу хотелот во строгиот центар на градот.
март 8, 2026

