Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: За лукративни цели и богатење на струмичкиот клан, СДС со Заев и Филипче ја доближија државата кон недемократските режими на руската политика

СДС на чело со Венко Филипче и Зоран Заев, со нивните политики за време на власт, Македонија ја заробија и оддалечија од демократските земји и стандарди.

За нив политиката и водењето на државата не подразбираше владеење и спроведување мерки за општото добро, туку за нив власта беше механизам во нивни раце за лично богатење.

Наместо државата да ја интегрираат и да зближат до демократскиот свет каде што почитувањето на законот е императив, Филипче и Заев државата ја приближија кон руската политика.

Политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко во Русија и Белорусија.

Па така, власта на СДС, Заев и Филипче ширум им ги отвори вратите на државата на Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, едниот да се вдоми со државјанство, другиот да води бизниси со државни тендери во кои подизведувачи беа и фирми на струмичкиот клан на Заеви.

После извесно време, откако заврши целиот судски процес, едниот е осуден во Украина на 15 години затвор за криминал и перење пари, а другиот седи на обвинителна клупа пред македонските правосудни органи.

Во времето на власт на СДС на Заев и Филипче само вакви криминални ликови успеваа, благодарение на лоши политики кои не беа во интерес на Македонија и кои и зададоа сериозен удар, како на национално, така и на интернационално ниво.

Тоа време на СДС на водење политика за остварување на лукративни цели, заврши со заминувањето на Заев и Филипче во опозиција.

За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ води политика која е базирана на договори со демократскиот свет како што се ЕУ, САД и Велика Британија, на кој начин и се зачува интегритетот државата и националното достоинство.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2